31 март 1889-Во Париз свечено била отворена Ајфеловата кула за посетители

На 31 март 1889 во Париз  свечено била отворена за посетителите  Ајфеловата кула, челична конструкција висока 320 метри, што ја проектирал Густав Ајфел.

Ајфелова кула -железна кула  изградена на т.н. Марсово Поле покрај реката Сена во Париз. Тоа е највисоката градба во Париз и меѓу најпрепознатливите симболи во светот. Именувана според нејзиниот архитект Густав Ајфел преставува една од најпосетените туристички атракции.

Кулата е висока 300 метри (986 стапки), што одговара на околу 75 ката. Заедно со 24 метарската антена (72 стапки), структурата е висока 324 метри (1058 стапки) што одговара на околу 81 спрат. Во времето кога била направена во 1889 година, кулата била највисоката градба во светот, сѐ до 1930, кога била изградена Крајслеровата зграда во Њујорк (319 m/1046 стапки висока) (иако кулата била сѐ уште повисока ако не се сметаат антените на градбите). Кулата е втората највисока градба во Франција , по 350 метарскиот Allous Iongwave transmiter, изграден во 1939. Ајфеловата кула е највисоката градба во Париз. Втората највисока градба во Париз, и четврта во Франција е КУлата Монапарс, со 209 метри. Кулата Монпарнас е исто така позната меѓу архитектите бидејќи е една од неколкуте високи градби во светот кои се совршено вертикални.

Металната структура на Ајфеловата кула тежи 7.300 тони, а вкупната тежина е 10.100 тони. Бројот на скали до врвот се менувал низ времето. Во почетокот во 1989, имало 1710 скали до платформата на 300.65 m; по реновирањето во раните 1980-ти, имало 1920 скали; а денес има 1665 скали (иако не е дозволено качување до горното ниво по скали – употребата на лифтови е задолжителна за посетителите над втората платформа).

Во зависност од температурата, врвот на кулата може да се помести од сонцето до 8 cm (3.25 инчи), заради експанзијата на металот  од страната кон сонцето.

Одржувањето на кулата вклучува нанесување на 50 тони боја во три нијанси секои седум години за да се спречи рѓосување. Повремено бојата се менува – моментално кулата е обоена во сива нијанса. Секој вечер кулата ја осветлуваат 20.000 светилки. Додека свети се вели дека кулата го носи својот “дијамантски фустан”.

Александар Густаф Ајфел ( 15 декември 1832-27 декмеври 1923) бил француски инжинер  и градител на познатата Ајфелова кула во Париз која е висока 320 метри. Позната е и неговата конструкција на Статуата на Слободата на влезот во пристаништето во Њујорк.
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.