30 мај е 150-иот ден во годината според Грегоријанскиот календар (151-и во престапна година ). Уште 215 денови до крајот на годината.
1498-мата година, 30 мај бил денот кога Кристофер Колумбо, шпански морепловез со Италијанско потекло, со шест бродови испловил од шпанското пристаниште Санлукар на своето трето патување во новиот свет ,при што открил Јужна Америка и Тринидад.
Кристофер Колумбо – (Cristoforo Colombo) ( 1451-1506) бил истражувач и адмирал од Џенова,Италија , чии четири трансатлантски патувања во име на Шпанија (1492–1493, 1493–1496, 1498–1500 и 1502–1504) ја отвориле Америка за европско истражување и колонизирање.
Историски најзначајно е неговото прво патешествие во 1492 и покрај тоа што тој не стигнал до северноамериканското копно до неговиот трет пат во 1498 . Колумбо не е првиот европски истражувач кој стигнал до Америка. Викиншкиот истражувач Лиф Ериксон стигнал до Северна Америка во 11 век , но патешествијата на Колумбо се случиле во клучно време на растечки национален империјализам и економски натпревар помеѓу првите национални држави кои во раниот развој барале богатство од зачетокот на трговските врски и колонии.
Периодот пред 1492 се смета за претколумбовски, а годишнината од ова случување (Колумбовден-) се слави во САД и наоколу во светот.