Алберт Ајнштајн го издава своето дело За електродинамиката на движечките тела во кое ја предложува специјалната теорија на релативноста.
Алберт Ајнштајн ( 14 март 1879 -18 април 1955 ) — германски теоретски физичар, најпознат по неговата теорија на релативноста и теоријата за Еднаквост на масата и енергијата , {\displaystyle E=mc^{2}}Ајнштајн ја добил Нобеловата награда за физика во 1921 година „за неговата работа во полето на теориската физика, а особено за неговото откритие на фотоелектричниот ефект.
Во огромниот број на придонеси на Ајнштајн кон физиката се вбројува неговата специјална теорија на релативноста , која ги споила механиката и електромагнетизмот , и неговата општа теорија на релативноста , која ја проширила теоријата на релативноста за нерамномерното движење, создавајќи нова теорија на гравитација .