Италијанскиот морепловец Кристофер Колумбо којшто работел за шпанскиот кралски двор со бродовите Санта Марија, Ниња и Пинта отпочнал патување за пронаоѓање на морскиот пат кон Индија , а пристигнал до Карибите откривајќи ја Америка .
Кристофер Колумбо (италијански : Cristoforo Colombo) ( 1451-20 мај 1506) — морепловец и адмирал од Џенова ,Италија , чии четири трансатлантски патувања во име на Шпанија (1492–1493, 1493–1496, 1498–1500 и 1502–1504) ја отвориле Америка за европско истражување и колонизирање.
Историски најзначајно е неговото прво патешествие во 1492 и покрај тоа што тој не стигнал до северноамериканското копно до неговиот третпат во 1498. Колумбо не е првиот европски истражувач кој стигнал до Америка.Викиншкиот истражувач Лиф Ериксон стигнал до Северна Америка во 11 век, но патешествијата на Колумбо се случиле во клучно време на растечки национален империјализам и економски натпревар помеѓу првите национални држави кои во раниот развој барале богатство од зачетокот на трговските врски и колонии.
Периодот пред 1492 се смета за претколумбовски, а годишнината од ова случување (Колумбовден ) се слави во САД и наоколу во светот.