Во битката на планината Беласица кај Струмица, војската на македонскиот цар Самоил била тешко поразена од војската на византискиот цар Василиј II.
Битка на Беласица (Битка кај Клуч) — воен судир што се случил на 29 јули 1014 година помеѓу војските на царот Самоил и византискиот цар Василиј II. Исходот бил погубен за македонските војски и за Самоиловото царство: голем број војници биле убиени, а останатите ослепени, со што била целосно уништена воената моќ на царството. Самоил по овој пораз не можел да се опорави и умрел истата година.
Цар Самоил или цар Самуил (958 -6октомври 1014 ) — средовековен македонски владетел кој на преминот од X кон XIвек формирал пространо царство на територијата на Балканскиот Полуостров.
Државата која ја создал е позната како Самуилово Царство а еден дел од историчарите, за да направат јасна разлика помеѓу новата држава која ја создал Самуил и царството на бугарскиот цар Симеон I , го нарекуваат Македонско словенско царство, Македонско царство