На 28 ноември 1520 година, Португалскиот морепловец Фернандо Магелан, впловил во Пацификот, минувајќи низ јужноамериканската теснина која денес го носи неговото име.
Фернандо Магелан (пролетта 1480-27 април 1521; португалски: Fernão de Magalhães; шпански: Fernando de Magallanes) — португалски истражувач кој пловел под шпанско знаме. Тој е првиот кој отпловил од Европа до Азија одејќи на запад, прв европјанин кој го преминал Тихиот океан и прв кој ја водел експедицијата со цел да ја отплови земјината топка. Иако Магелан трагично го загубил животот на Филипините, пред враќањето во Европа, осумнаесет членови на неговиот тим се вратиле во Шпанија 1522 отпловувајќи ја земјата. Стапил во служба на Шпанија и ја повел експедицијата од 5 бродови за да го открие новиот поморски пат за Молучките острови („Острови на зачинот“); 1519/1520 го испитал југоисточниот брег на Јужна Америка , и открил 1520, теснец (подоцна наречен Магеланов) и преку него стигнал до големиот океан кој го нарекол Тихи Океан (Пацифик), бидејќи во него не доживеал бура како во Атлантски океан. Стигнал 1521 година на Филипински острови, каде е убиен од отровна стрела, а експедицијата го продолжила патот околу светот, кој траел до 1522 година. Во Шпанија се вратил само бродот „Викторија“ со 18 луѓе, кој бил под водство на Себастијан дел Кан. Со ова прво патување околу светот очигледно е докажано дека Земјата има топчест облик. Магелан ќе остане запаметен по многуте патувања со кои ке одговори на многу прашања кои дотогаш биле без одговор.
Магелановиот проток е проток кој се наоѓа помеѓу копнениот дел на Јужна Америка и островот Огнена Земја. Долг е 583км, 3-24 км, ги поврзува Атлантскиот и Тихиот океан Му припаѓа на Чиле . На северозападниот брег е пристаништето ПУнта Аренас. Наречен е во чест на Магелан, кој го открил и поминал преку него во 1520 година. До ископувањето на Панамскиот канал во 1914 година бил многу занчаен за морскиот сообраќај помеѓу двата океана, но неподнесуван поради подводните ѕидови и санти мраз кој се спуштаат од островот Огнена Земја.