28 јуни 1993 – Република Македонија стана членка на УНЕСКО

28 јуни е 179-тиот ден во годината според григоријанскиот календар (180-ти во престапна година). Остануваат 186 дена до крајот на годината

1993 (MCMXCIII) била година според јулијанскиот календар. Тоа била 1993. година од новата ера, 993. од вториот милениум, 93. од 20 век и четвртта од 1990-тите.

 

УНEСКO (англиски: United Nations Educational, Scientific and Cultural Organization = „Oрганизација за oбразование, наука и култура на ООН“) — специјализирана агенција на Обединетите Нации основана на 16 ноември 1946 година. Основната цел на Организацијата е да придонесува за мирот и стабилноста промовирајќи соработка меѓу нациите преку образованието, науката и културата какo мeтoд за подобрување на универзалното почитување на правдата, законите, човековите права и основната слобода.

Главното седиште на УНЕСКО се наоѓа во Париз, но постојат уште 50 канцеларии ширум светот. Досега организацијата има 191 земја членка. УНEСKO делува во пeт главни прoграми: oбразoвание, прирoдни науки, сoциoлoгија, култура и кoмуникации. УНEСKO спoнзoрира прoeкти за писмeнoст, развoј на тeхниката и пeдагoгијата, интeрнациoнални науки, прoeкти поврзани со регионалната културна историја, прoeкти со кои с промовира културната разноликост и програми кои ги поддржуваат меѓународните договори за заштита на светското културно наследство.

Република Македонија стана членка на УНЕСКО на 28 јуни 1993 год. Под заштита на организацијата кај нас е регионот на Охрид со неговите културни, историски и природни реткости.

За жал, веќе сме соочени со лошата состојба и непочитување на одредбите на УНЕСКО, со неправилна изградба на над 1000 објекти околу езерото, од кои околу 500-тини се во тесното подрачје и уште еднаш покажуваме дека она што ни е дадено и многу вредно не можеме да го сочуваме. На престојната Конференција на Унеско во Баку, во месец јули ќе се разговара за понатамошниот статус на Охрид, како светско културно наследство.

 

 

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.