Шведскиот фабрикант Алфред Нобел, пронаоѓач на динамитот, во Париз напиша своерачен тестамент со кој каматите од големиот имот ги остава за развој на науката, литературата и на борците за мир.
„Наградите треба да се делат без оглед на националноста“, пишуваше во тестаментот, со кој се основа Нобеловата награда за најголеми достигнувања на човековиот ум.
До март 2005, доделени се вкупно 770 Нобелови награди. Неколку добитници ја имаат одбиено наградата.
По негова желба околу 31,5 милиони шведски круни се издвоени за основање на Нобеловата задужбина, а таа сума денес изнесува околу 1,5 милијарди шведски круни (162 милиона евра).
Признанијата за медицина, физиологија, хемија, физика, економија и книжевност се доделуваат во Стокхолм, а во Осло се доделува наградата за мир.