27.ноември 1895- Алфред Нобел на рачен тестамент ја востановил Нобеловата награда

Шведскиот фабрикант Алфред Нобелпронаоѓач на динамитот, во Париз напиша своерачен тестамент со кој каматите од големиот имот ги остава за развој на наукаталитературата и на борците за мир.

„Наградите треба да се делат без оглед на националноста“, пишуваше во тестаментот, со кој се основа Нобеловата награда за најголеми достигнувања на човековиот ум.

До март 2005, доделени се вкупно 770 Нобелови награди. Неколку добитници ја имаат одбиено наградата.

По негова желба околу 31,5 милиони шведски круни се издвоени за основање на Нобеловата задужбина, а таа сума денес изнесува околу 1,5 милијарди шведски круни (162 милиона евра).

Признанијата за медицина, физиологија, хемија, физика, економија и книжевност се доделуваат во Стокхолм, а во Осло се доделува наградата за мир.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.