26 октомври 1689- Пиколомини го запалил Скопје

По наредба на австрискиот генерал Силвио Пиколомини, австриската војска го запалил Скопје, кое горело два дена. Австријците го запалиле градот за да се спасат од епидемијата на чумата, но опасната болест не била запрена од огнот.

За кусо време изгореле многу куќи, дуќани и други градежни објекти. Покрај загубите што му беа нанесени на населението, неколку илјади австриски војници заболеа и умреа од чумата, а меѓу нив и нивниот генерал Силвио Пиколомини.

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.