Владимир Владимирович Путин -премиер и претседател на Русија во периодот од 1999-2000 и 2008-2012 година. Путин исто така е претседател на партијата Единстена Русија и Претседател на Советот на министри на унијата Русија-Белорусија во периодот од 2008 до 2012 година.
Во времето на комунизмот , Путин шеснаесет години бил агент во КГБ , каде по расоаѓањето на Советскиот Сојуз влегол во политиката во Санкт Петесбург во 1991 година. Во 1996 година се преселил во Москва и се приклучил кон администрацијата на Борис Елцин , каде на 31 декември 1999 година станал вршител на должноста претседател, кога Елцин неочекувано поднел оставка. Во 2000 година Путин победил на изборите (26 март) и бил реизбран во 2004 година. По крајот на мандатот, тој немал право на трет последователен мандат, па во 2008 година новиот претседател Димитриј Медеведев го избрал за премиер на земјата. Во септември 2011 година, Медведев го предложил Путин за претседателски кандидат, кое довело до протести во неколку руски градови.
Путин е заслужен за враќањето на политичката стабилност и економскиот развој на Русија, која била во голема економска криза во деведесетите години. Во текот на првите девет години од неговото претседателствување (1999-2008) реалниот приход се зголемил за 2,5 пати, а платите три пати повеќе. Првиот мандат на Путин било одбележано со висок економски раст. БДП се зголемил за 72%. Овие успеси се препишуваат главно поради добрата макроекономска политика, фискалните реформи, зголемувањето на капиталните приливи како и петпати зголемената цена на нафтата и гасот кои го сочинуваат поголемиот дел од рускиот извоз.
Како претседател на Русија, Путин донел закон за рамен данок на доход од 13%. Како премиер вовел големи воени реформи и реформи во полицијата. Неговата енергетска политика ја потврдило позицијата на земјата како енергетска суперсила. Освен тоа, Путин подржал и развој на нуклеарната и одбранбената индустрија. Порастот на странските инвестиции донел до голем економски развој во индустрии како авртомобилската на пример. Развојот на земјата во неговиот мандат вклучува изградба на цевководи, реставрација на сателитскиот систем за навигација ГЛОНАСС, и изградба на инфраструктура за меѓународни настани.
Во Русија, лидерството на Путин претежно ужива голема популарност, со генерално висок рејтинг. Според некои, голем дел од неговите дела се карактеризирале како недемократски. Најголема критика врз Путин доаѓа од западните земји. Некои критичари Путин го опишуваат како диктатор, кое Путин категорично го негира.
Детството на Путин
Владимир Путин е роден на 7 октомври 1952 година, во Ленинград, СССР (сега Санкт Петербург, Руска Федерација) како дете на Владимир Спиридонович Путин (1911-1999) и Марија Ивановна Путина (1911-1998). Неговата мајка била фабрички работник, а неговиот татко бил регрутант во советската морнарица, каде што служел во почетокот на 1930-тите години. Двата постари браќа биле родени во средината на 1930-тите. Еден починал во рок од неколку месеци по неговото раѓање, додека вториот починал од дифтерија за време на опсадата на Ленинград во Втората светска војна.
Дедото на Путин од неговата таткова страна, Спиридон (1879-1965), бил вработен во дачата на Владимир Ленин во Горки како готвач, а по смртта на Ленин продолжил да работи за неговата сопруга Надежда. Тој подоцна работел и за Јосиф Сталин во една од дачите во реонот на Москва, како и во дачата на Московскиот градски комитет на КПСС, каде често пати престојувал и самиот Владимир Путин.
Потеклото на Владимир е опишано како мистерија без евиденција на преживеаните негови предци поради тоа што нема низ историските документи презиме Путин. Се смета дека неговото семејство потекнува од Тверското кралско семејство. Во семејната книга на Тверскиот регион се споменува името на Путијанин од каде се смета дека потекнува од аристократско семејство, точно од родот на Големиот принц на Твер, Михаил од средниот век. Низ историјата било вообичаена практика семејните имиња поврзани со поранешни аристократски семејства да бидат скратувани, како на пример Путјанин да стане Путин.
Во својата автобиографија Во прво лице кое се базира на интервју со Путин, се зборува за скромниот живот на Путин кој живеел во комунален стан во Ленинград. На 1 септември 1960 година тој започнал да оди во училиштето број 193, кое се наоѓало спроти неговата куќа. Во петто одделение бил еден од неколкуте во класот кој сеуште не бил Пионер, а тоа се должело главно поради неговото палаво однесување. Во шесто одделение започнал да тренира самбо а потоа и џудо.
Во 1975 година Путин дипломирал право на Ленинградскиот државен универзитет. Неговата докторска тема била под наслов “Стратешко планирање на регионалните ресурси во рамките на формирањето на пазарните односи” според која рускиот економски успех ќе зависи од националната енергетика. Додека бил на факултет, Путин станал член на Комунистичката партија на Советскиот Сојуз и останал лојален до распаѓањето на сојузот во декември 1991 година. Исто така, на универзитетот се запознал со Анатолиј Собчак кој подоцна одиграл важна улога во неговата кариера. Анатолиј Собчак во тоа време бил доцент и му предавал на Путин.