26 октомври 1689- Пиколомини го запалил Скопје

По наредба на австрискиот генерал Силвио Пиколомини, австриската војска го запали Скопје, кое гореше два дена. Австријците го запалија градот за да се спасат од епидемијата на чумата, но опасната болест не беше запрена од огнот. За кусо време изгореа многу куќи, дуќани и други градежни објекти. Покрај загубите што му беа нанесени на населението, неколку илјади австриски војници заболеа и умреле од чумата, а меѓу нив и нивниот генерал Силвио Пиколомини.

Извор: Википедија на македонски јазик

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.