25 мај – За една југословенска младост

Секоја генерација  има своја младост, која останува нераскинлив дел од неговите спомени до крајот на животот. Генерациите на 50/60/и 70-тите години од сега минатиот век имаат своја младост, поврзана со некогашната држава Југославија, која на тие генерации им остави убави спомени за кои со радост се сеќаваат.

Еден од тие моменти беше и 25 мај, Ден на роденденот на Претседателот на Југославија – Другарот Тито, како што го нарекуваа во тогашното социјалистичко време а воедно и Ден на младоста. На овој ден и претходеше домесечното патување на Штафетата на Младоста, која на Големиот Слет на 25 мај во Белград со величествени преформанси му се предаваше на претседателот.

Само најсреќните беа дел од оваа голема манифестација на младоста . Само најсреќните заминуваа во Белград и тие спомени долго, долго ги раскажуваа и сеуште ги раскажуваат. Убава и безгрижна беше таа младост. Ја паметиме и по целоноќните забави во Домот на младите, кога ја чувавме штафетата, по мислата која не водеше, по вербата во иднината и напредокот…….едноставно по многу убави нешта кои вреди да се споменат.

Колку и да изгледа нереално, па дури и смешно на моменти за некого……. да тоа време на нашите генерации беше младост за паметење.

Во чест на сите убави спомени, на убавите години, мигови, на пријателствата што пламтеа е и ова носталгично потсетување.

 

Пишува Татјана Гогоска  

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.