Советскиот космонаут Светлана Савицкаја, стана првата жена која излегла надвор од бродот во вселената и првата жена во историјата на освојувањето на вселената која двапати била во нејзиното пространство.
Светлана Евгенијевна Савицкаја (руски Светла́на Евге́ньевна Сави́цкая, 8 август 1948 година во Москва) — познат руски астронаут. Таа е првата жена која „ја шетала вселената“ и втора жена која била во вселената и тоа во 1982 година, додека прва била Валентина Терешкова.
Вселена — сеопштост на просторот и објектите во него во астронимска смисла. Делот од вселената кој може да се види или испита обично се нарекува метагалаксија (видлива вселена). Поради тоа што ширењето на вселената е многу поголемо од нејзиниот краен досег на набљудување, космолозите сметаат дека е неможно да се следи нејзиното ширење.
Во терминологијата на физичката космологија, вселената се смета за конечен ли бесконечен временски простор во кој е сместена целата материја и енергија . Некои научници ја поддржуваат теоријата дека вселената е дел од многубројни други вселени.