Излегол романот „Робинзон Крусо“ на англискиот писател Даниел Дефо. Секој од нас кој го прочитал сеуште актуелно ова дело, за миг посакал да биде бареm некој дел од својот живот Робинзон Крусо.
Робинзон Крусо“ ( Robinson Crusoe) — роман на англискиот писател Даниел Дефо. Прв пат е објавен во Англија во 1719 г. и се смета за првиот англиски роман. Книгата е замислена автобиографија на насловниот лик — Англичанец, кој преживеал бродолом и останал да живее 28 години на пуст тропски остров во близина на Венецуела, наидувајќи на староседелци , заробеници и бунтовници, пред конечно да биде спасен.
Се верува дека приказната е инспирирана од вистинско искуство на шкотски морнар Александар Селкерк кој живеел повеќе од четири години на некој тропски остров во близина на Чиле. Книгата го доживеала првото издание на 25 април 1719 г. Нејзиниот целосен наслов бил „Животот и изненадувачките авантури на Робинзон Крусо од Јорк, морнар кој живеел дваесет и осум години сам на ненаселен остров на крајбрежјето на Америка, близу до устието на големата река Ориноко; откако бил исфрлен на брегот од бродолом, додека сите други загинале освен него. Со осврт на тоа како најпосле чудно бил донесен од пиратите. Напишано од него.“. Книгата веднаш наишла на позитивен и универзален прием. Пред истекот на годинатa биле отпечатени четири изданија, а неколку години постигнала поголема читаност од било која книга напишана на англиски. До крајот на XIX век ниту една книга во историјата на западната литература немала толку изданија, преводи и адапции како Робинзон Крусо.