1633 година Светиот суд во Рим, го осудил Галилео Галилеј на доживотна робија (подоцна сменета во куќен притвор) а неговите дела ги забранил како опасни за христијанството. Тоа била година според јулијанскиот календар , 1633. година од новата ера, 633. од вториот милениум, 33. од 17 век и четвртта од 1630-та.
Рим (италијански Roma) — главен град на Италија, посебна општина во Италија (позната како Comune di Roma Capitale) и главен град на Лацио. Со 2,877,215 жители на 1,285.3 км² исто така е и најголемиот и најнаселениот град и општина и четврти по број на жители град во рамките на Европската унија. Околу четири милиони жители живеат во римското градско подрачје. Градот се наоѓа во централно-западниот дел на Италијанскиот Полуостров, на самата река Тибер во границите на областа Лацио.. Често градот се нарекува единствен град кој е главен на две држави.
Галилео Галилеј (италијански Galileo Galilei;15 февруари 1564 во Пиза- 8 јануари 1642 ,Арчетри) тоскански астроном, филозоф и физичар.
Се смета дека го изумил телескопот, ги открил првиот и вториот закон за движењето и ги ширел Коперниковите погледи за поставеноста на Сончевиот систем. Честопати се нарекува „татко на современата астрономија“, или „татко на науката“. Поради своите откритија, Галилеј доаѓа во судир со Инквизицијата, при што е принуден да се откаже од своите ставови.