23 април е 113-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (114-и во престапна година ).Остануваат 252 денови до крајот на годината.
Од 1996-та година според УНЕСКО, 23 април е прогласен за Светски ден на книгата, по повод годишнината од смртта на Сервантес, Шекспир и Де Ла Вега.
Мигел де Сервантес — шпански романописец и поет, автор на првиот реалистичен роман во шпанската книжевност „Дон Кихот“.
Вилијам Шекспир – 26 април 1564 – 23 април 1616) — англиски писател кој се смета за најважниот англиски писател и водечки драматург во светот. Често е нарекуван „народен поет“ и „Бардот од Ејвон“.
Неговите дела, како и колаборати, содржат 39 драми, 154 сонети, две долги наративни поеми и неколку други поеми. Неговите драми се преведени на сите светски јазици и се изведуваат почесто отколку на кој било друг драматург.
Во суверенa, модерна Турсија со одбележувањето на Денот на сувереноста се одбележува и Денот на детето. Традиционално деца одат во Претседателскиот кабинет и откако децата ги заземаа своите места на кои седат членовите на Советот за национална безбедност на Турција, во својство на симболичен претседател секогаш им се обраќа дете и ги кажува пораките на децата. И оваа година на присутните им се обрати десетгодишниот Јигит Турк, кој на претседателот му се заблагодари на приемот и на сите деца на светот им го честиташе празникот.
Претседателот Ердоган пак, годинава со моќна порака до децата „„Учете и не дозволувате никогаш Вашите родители да воздивнат од незадоволство. Учете и слушајте ги учителите кои ве збогатуваат со знаење и ве подготвуваат за живот”
Инаку во рамки на ова одбележување во Анкара секоја година се одржува, двонеделниот Фестивал на детето, на кој учествуваат деца од 50-тина земји во светот.