23 септември — 266-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (267-и во престапна година). Остануваат 99 денови до крајот на годината.
Во астрономијата – вообичаената дата на која настапува есенска рамноденица (првиот ден на есента) на северната полутопка, односно пролетна рамноденица (првиот ден на пролетта) на јужната полутопка.
Рамнодненица или рамнодневица — деноноќието кога должината на денот и ноќта се исти, и се случува двапати годишно, на почетокот на пролетта и на есента.
Годишните времиња се предизвикани од закосувањето на Земјината оска во однос на вртежната рамнина околу Сонцето. Ова закосување изнесува околу ±23,44° во однос на вртежната рамнина, па така, половина година, приближно од 20 март до 22 септември, северната полутопка е поизложена кон Сонцето со максимум околу 21 јуни, а другата половина од годината јужната полутопка е поизложена на Сонцето, со максимум околу 21 декември.
На рамнодневицата која се случува околу 20 март на северната полутопка настапува пролетта, а на јужната есента; обратно, на 22 септември на северната полутопка настапува есента, а на јужната пролетта.
Двата моменти кога Сонцето е точно над екваторот (кога оската на вртење на Земјата е нормална на вртежната рамнина) се викаат рамнодневица.
Во астрологијата – првиот цел ден на хороскопскиот знак вага.