Aлександар Македонски е роден на 22 јули 356 г. во македонската престолина Пела. На 20 години стана македонски цар а почина во Вавилон, според некои на 10 јуни 323 г. пред Христа. Светот како најголем освојувач го напуштил на 33 години.
Неговото воено дело, според кое е познат во целиот свет и поради кое два века подоцна е наречен Велики, се изучува во воените академии на сите држави. По угледот на својот татко, а врз основа на искуствата и од другите свои предци, Александар освоил повеќе територии и народи со модел на мирот, т.е. доброволно присоединување кон неговата империја.
Во Библијата се спомнуваат 34 пати Македонија, Македонци, македонски, Александар и Филип.
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени
со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски
текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски
содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се
цитира.