20.април -„Аполо 16“ се спушти на површината на Месечината.

 

Месечината е единствениот природен сателит  на планетата Земја и најблиско небесно тело до неа. Просечното растојание од Земјата до Месечината изнесува 384.400 км, така што светлината од Месечината до Земјата пристигнува за 1,25 секунди.

Запишан историски податок кој се случил на 20 април 1972 година, е слетувањето на Вселенското Америнанско летало Аполо 16 на Месечината. Леталото успешно е лансирано од Свемирскиот центар John F. Kennedy  на 16 април  1972 г. Екипажот успешно слетал на Месечината на 20 април и за време на престојот на Месечината направиле многу интересни експерименти и зеле многу примероци од месечевото тло. Најмногу внимание привлекле примероците од работ на еден кратер кој настанал со удар од метеор.

apollo-16-crew

На месечевата површина , членовите на екипажот : John W. Young i Charles Duke Jr. направиле три обиколки во времетраење од 20 саати и 17 минути. Се заедно на Месечината поминале 71 час.

По извршената задача Месечевиот модул се одвоил од месечевата површина и се споил со заповедниот модул. Кога леталото се нашло во орбитата околу месечината, откриле недостаток на моторот од заповедниот модул по што го откачиле и продолжиле без него.
Леталото на земјата успешно сетало на 27 април 1972 година во близина  на Девствените островиво Тихиот океан.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.