19.април – Јованка Орлеанка е прогласена за светица во 1909 година

19 април е 109-иот ден во годината според Грегоријанскиот календар (110-и во престапна година ). Остануваат 256 денови до крајот на годината.

Од настаните на овој ден го издвојувам прогласувањето на Јованка Орлеанка(француски: Jeanne d’Arc ), ( 6 јануари 1412 – 30 мај 1431) за светица, цели пет века од нејзиното  осудување како вештерка и палење на кол.Таа е народна хероина на Франција и Светец на Католичката црква. Уште на 17 години, таа ја командувала француската кралска армија, убедувајќи го кралот Шарл VII да ги истера Англичаните од Франција  и подоцна, овозможувајќи го неговото крунисување.

Во 1429 на чело на неколку стотици Французи, кај Поатје  ги победи англиските освојувачи и го зазеде градот Орлеан. Бургундијците  ја заробуваат во 1430 и им ја предаваат на Англичаните, по што е осудена за ерес и запалена на кол во 1431 во градот Руан.

 

Во 19 век, таа е прогласена за француска национална хероина. Јованка Орлеанка е прогласена за светица од страна на Католичката Црква во 1909-та година на 19.април.

Јованка Орлеанка е тема во уметноста, литературата, музиката  и популарната култура. Република Ирска, Канада, Велика Британија и САД покажуваат голем интерес за нејзините дејствија и се смета за една од најсилните жени во историјата полна со решеност и вера.

Цели пет века се чекало промена на општествените и црковните убедувања, да се тргне ересот од нејзиното име и да се прогласи за хероина а после и за светица.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.