18 октомври 1962 – Големата поплава во Скопје

После неколку дневните поројни дождови, реката Вардар се излеала во градот Скопје. Бидејќи на било регулирано коритото на реката, поплавата го зафатила целиот град, се до насипот во населбата Пролет. Поплавата траела три дена, но без човечки жртви. Предизвикана е голема материјална штета.

Пролет е населба во Скопје која се наоѓа во Општина Центар, поточно помеѓу НОвата железничка станица, Феријален дом, Тутунски комбинат и Булевар Кузман Јосифовски Питу. На север граничи со Маџир Маало, на југ со Кисела Вода, на исток со Мичурин, а на запад со Ново Маало. Таа е најмалата скопска населба која потекнува уште пред скопскиот земјотрес, изградена во 1947 година како прва станбена населба по Втората светска војна . Има едно основно училиште (ОУ „11 Октомври“), балон за мал фудбал „11 Октомври“, познатите ресторани „Кај Злате“, како и полициската станица „Пролет“.

Во тоа време населбата била речиси крајот на градот. Сеизмолозите сметаат дека како резултат на големата поплава следната година на 26 јули Скопје го доживеа големиот катастрофален земјторес кој однесе и многу жртви.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.