На 16. ноември 1962 година главниот град на Македонија, Скопје беше погоден од катастрофална поплава. Скопјани сеуште се сеќаваат на поплават во ноември 1962 година кога градот беше преплавен од излиениот Вардар. Поплавени беа околу 5000 куќи и многу жители на градот останаа без покрив над глава.
Поплавата беше предвесник на една поголема трагедија неколку месеци подоцна.
На 26 јули 1963 година во 5:17 часот Скопје беше разурнато од земјотрес со 9 степени по меркалиевата скала (6,1 според рихтеровата сеизмичка скала). Под урнатините животот го загубија 1 070 негови граѓани, беа повредени над 4 000 граѓани. Повеќе од 90 отсто од зградите во градот беа урнати и над 20 000 граѓани оставени без покрив над главата.
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени
со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски
текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски
содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се
цитира.