16.декември 1946- Започнал со работа обновениот Филозофски факултет во Скопје

Започнува со работа обновениот Филозофски факултет во Скопје, наследник на истоимениот факултет отворен во 1920 г. Оваа година станува првиот факултет во Македонија на македонски јазик и првата високошколска установа на идниот Скопски универзитете „Св. Кирил и Методиј“

„Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) — најстар и најголем универзитет на македонски јазик со седиште во Скопје. Формиран е на 24 април 1949 година со три факултети, а денес претставува заедница на 24 факултети, 9 научни институти (5 составни и 4 кои соработуваат со универзитетот) и 6 други институции. За прв ректор бил  избран Кирил Миљовски.

Универзитетот е составен од 23 факултети, 5 составни институти и 4 јавни научни установи, како и 6 други организации кои соработуваат со универзитетот.

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.