Агата Кристи ( Agatha Christie;15септември 1890-12 јануари 1976), позната и како Агата Мери Клариса Милер (Agatha Mary Clarissa Miller) или според псевдонимот Мери Вестмакот (Mary Westmacott) — плодотворна британска писателка на мистериозни романи, раскази, креатор на Херкул Поаро (белгискиот детектив), и Мис Џејн Марпл. Кристи има напишано повеќе од 70 детективски романи под презимето на нејзиниот прв маж, Колонел Аркибалд Крсти. Таа има издадено и неколку љубовни романи и една книга за деца. Агата Кристи е родена во Торки во државата Девон како ќерка на Американецот Фредерик Алва Милер и неговата жена Клариса Милер. Нејзиниот татко починал додека таа била дете. Агата учела дома, каде што нејзината мајка ја охрабрувала да почне на пишува уште од рана возраст. На 16 години таа била испратена во едно училиште во Париз каде што учела пеење и свирење пијано. Кристи била одлична пијанистка, но нејзиниот страв од сцената и публиката и срамот ја спречиле да продолжи со музичката кариера.
Во нејзините книги, таа ретко ја споменува музиката иако нејзините детективи Поаро и Мис Марпл покажувале интерес во опера. Кога нејзината мајка ја однела Кристи во Каиро за една зима, таа таму напишала роман. Охрабрена од Еден Филиптос, сосед и пријател во Торки, таа започнала со пишувањето и издала неколку стории. Нејзин најпознат роман е „Убиство во Ориент Експрес“.