Живко Чинго е роден на 13 август 1935 година, во селото Велгошти,Охридско. Во родното село завршил основно училиште , а гимназија во Охрид. Во 1959 година дипломирал на Филозофски факултет при Универзитетот „Кирил и Методиј“ во Скопје, на групата за Југословенска литература. Извесно време работел како професор по книжевност во гимназијата во Охрид, а во Скопје работел во Радиотелевизија Скопје во “Млад борец“, Студентски збор“ , во Институтот за фолклор „Марко Цепенков“ , во Центарот за политички студии, а бил и долгогодишен директор на Драмата при МНТ. При крајот на животот работел како советник при Републичкиот комитет за култура. Во 1963 година станал член на ДПМ, а бил и член на МАНУ . Умрел на 11 август 1987 година
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени
со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски
текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски
содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се
цитира.