11.мај 1929 – Ден на раѓањето на Гане Тодоровски

Гане Тодоровски, роден во Скопје на 11 мај 1929 година – македонски поет, преведувач, професор , есеист, книжевен критичар, историчар и публицист. Починал во Скопје истиот месец мај 2010 година во дваесет и вториот ден a погребан  е во црквата св.Спас  во скопското село Кожле

Гане Тодоровски завршил Филозофски факултет  на Универзитетот Св Кирил и Методиј во Скопје каде што и докторирал на темата „Веда Словена и нејзините мистификатори“. Работел како новинар во „Танјуг“ , „Млад  борец“ и „Студентски збор“. Бил долгогодишен професор по хрватска и македонска книжевност -19 век на Филолошкиот фкултет во Скопје

Со книжевна активност започнува непосредно по ослободувањето, и тоа во „Нова Макеоднија“ ,  „, Пионерски весник ,Нов ден “ и др. Претежно се занимава со поезија  и препеви. Има издадено повеќе збирки поезија. Се занимава и со критика и естетика. Бил уредник на книжевните списанија: „Иднина“, Свременост Културен живот , „“, „Млада литература“, „Разгледи“ и други. Пишува и филмски сценарија, а дебитира со документарниот филм „ Проштевање“ (1963), како ко-сценарист.

Во 1951-та година, станува член на Друштвото на писателите на Македонија а во два наврати е и негов претседател. Бил претседател и на Советот на Струшките вечери на поезијата  и одговорен уредник на списанието „Млада литература“. Бил член е на  МАНУ од 1997 година.

 

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.