Почетна ВРЕМЕПЛОВ 11 јануари 1920 – Роден е Славко Јаневски

11 јануари 1920 – Роден е Славко Јаневски

Славко Јаневски (Скопје11 јануари 1920 — Скопје, 20 јануари 2000) — истакнат македонски раскажувач, романописец, поет, филмски сценарист, есеист и сликар. Долги години бил член на МАНУ и Друштвото на писатели на Македонија. Тој припаѓа на првата генерација македонски писатели по Втората светска војна, која ги поставила темелите на современата македонска книжевност. Неговиот роман „Село зад седумте јасени“ (1952) е првиот роман објавен на стандарден македонски јазик.

Поради својата плодна творечка кариера, Јаневски бил одликуван со поголем број награди и признанија, меѓу кои наградите „АВНОЈ“, „11 октомври“ и „Браќа Миладиновци“. Во негова чест во паркот „Жена-борец“ во Скопје е поставен споменик изработен од академик Томе Серафимовски. Покрај тоа, во негова чест е именувана и читална во Скопје, која била пуштена со работа во 2013 година.

Во 2013 година, Комисијата за лустрација на Македонија објавила дека дошла до заклучок дека Славко Јаневски бил соработник на југословенските тајни служби. Ова резултирало со остри реакции и неприфаќање на одлуката од страна на МАНУДПМ, и пошироката македонска јавност.[1]

Советот на Град Скопје, 2020 година ја прогласи за година на Славко Јаневски, во чест на стогодишнината од неговото раѓање.[2]

Извор: Википедија на македонски јазик

metropolis-big