11 април 1889- Родена опеаната Благуња од село Пожаране-песна која малкумина барем еднаш не ја запеале

11 април – Роденденот на Благуња -Дејче Пожаранче,  родена на 11.април 1889 година!

Овој пат во Времеплов на куларт.мк еден убав запис од www.gavro.com.mk

Кога била родена и починала Благуња? Деновиве одговорот го најдов на местото каде има повеќе податоци од Тетовскиот архив – Тетовските православни гробишта. Инаку никогаш точниот датум никаде не е објавен и овде ексклузивно јавно и за прв пат го објавувам денес.

Таму го пронајдов семејниот гроб на семејството Бошњаковски – и неочекувано… и сликата … и точниот датум на раѓање и починување на оваа најпозната тетовска убавица.

Таа била родена на 11. април 1889 а починала на 26. март 1956 година.

Сцена од филмот на ученици од Тетово за Благуња

Потекнувала од Пожаране но семејството се преселило во Тетово каде цел живот живеела. Откако не се зела за Аце Абаџија од песната (подоцна по грешка препеано аџамија) – омажена е за 9 години постариот од неа Диме Бошњак.

Таа песна е направена пред нејзината свадба за Диме кога имала околу 18 години – значи песната е створена во време турско: околу 1907 година !

Eве овде на нејзината надгробна плоча доказ дека нејзиното име е БлагуЊа (со Њ) а не како некои нови препеани верзии кои се почесто во поново време ја пеат како БлагуНо дејче (со Н) .
Во чест на нејзиниот роденден и чување на спомените и семејните вредности, овој текст потсетува на Благуња… убавицата , чија песна малкумина се кои ја немаат барем еднаш запеано.

Нека се слави нејзиното име!

 

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.