10. октомври 1946-Моштите на Гоце Делчев по негов завет донесени во Македонија

Во Скопје , во црквата „Свети Спас“, со сите државни почести и пред повеќе илјади граѓани од цела Македонија, беа положени моштите на истакнатиот македонски револуционер и идеолог Гоце Делчев, кои два дена порано македонската делегација ги донесе од Софија.

Ѓорѓи Николов Делчев, попознат како Гоце Делчев ( Кукуш, 4 февруари 1872  Баница ,4 мај 1903) — македонски национален херој, учесник во македонското револуционерно движење, деец на Македонската револуционерна организација , апостол и срцето на револуционерна Македонија, идеолог, организатор и водач на македонското револуционерно националноослободително движење кон крајот на XIX и почетокот на XX век . Во Бугарија исто така му оддаваат почит на Делчев како национален херој.

Се школувал во Кукуш, каде што завршил прогимназиско образование (1879– 1887), во Солун, во Солунската машка гимназија „Св Кирил и Методиј“ , каде што раководел таен ученички револуционерен кружок, и во Софија  во Военото училиште (1891–1894). Се вратил во Македонија (1894) и во Штип бил учител во Ново Село.

Целиот живот го посветил на борбата за Македонската нација, култура и признавање.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.