10 август 1675- Поставен е камен-темелникот на Кралската опсерваторија во Гринич, денес местото кајшто минува нултиот меридијан.

Нулти меридијан — меридијанот (линијата на географска должина) на кој должината се зема како 0°. Според ова, нултиот меридијан е работа на конвенција, договор и низ историјата таа конвенција се менувала. Денес за нулти меридијан се зема линијата што минува низ Кралската Опсерваторија во ГриничАнглија, близу до Лондон. Според местото и меридијанот честопати се нарекува Гринички меридијан.

За разлика од напоредниците, кои се дефинирани како замислени линии кон север и кон југ од Екваторот (при што Екваторот по конвенција е на 0°, а половите на 90°), нултиот меридијан е сосема арбитрарен.

Нултиот меридијан минува низ Обединетото КралствоФранцијаШпанијаАлжирМалиБуркина ФасоТого и Гана.

Спротивно на нултиот меридијан на Земјината топка, на 180° географска должина се наоѓа Меѓународната датумска граница. Сите точки на Земјината топка помеѓу 0° и 180° се со западна географска должина, а оние помеѓу 180° и 0° се со источна географска должина.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.