1. октомври 331 п.н.е-Александар Македонски го победил Дариј III во Битката кај Гавгамела.

Александар Макeдонски – роден во Пела 20.21 јуни 356-починал во Вавилон 10/11 јуни 323 п.н.е — македонски  крал од династијата Аргеади, син на Филип II Македонски и Олимпија , ќерка на молоскиот владетел Неоптолем. Римјаните му годале прекарот Magnus, „великиот освојувач на светот“.

Дариј III Кодоман, родено име Кодоман, бил последниот крал од династијатаАхемениди , владетели на Персија . Владеел од 336-330 г.п.н.е, кога бил симнат од власт за време на освојувањата на Александар III Македонски.

Кодоман го избрал кралското име Дариј III и набргу ја покажал својата независност од неговиот атентаторски добродетел. Багој пробал да го отруе, но Дариј бил предупреден и затоа го натерал сам да си го испие отровот.[3] Новиот крал сега владеел со нестабилна империја, од која големи делови биле управувани од завидливи и превртливи сатрапи, а народот бил незадоволен и бунтовнички настроен.

Битка кај Гавгамела — вооружен судир во 331 п.н.е. помеѓу македонската војска предводена од Алксандар Македонски  и персиската војска предводена од Дариј III крал на Ахаjменидска Персија . Во оваа битка Александар Македонски го поразил Дариј III  со што практично започнал падот на дотогаш неприкосновената персиска империја.

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.