Втората годишна средба на архитекти и урбанисти во Битола

На 1 и 2 декември во Офицерски дом во Битола ќе се одржи Втората годишна средба на архитекти и урбанисти.
Годинава настанот има меѓународен карактер и предвидена е одлична програма.
На Втората Годишна средба на архитекти и архитекти урбанисти предвидени се две панел дискусии:
Улогата на планерот во процесот на планирање визави улогата на планерот во Законот за урбанистичко планирање и
Улогата на архитектот во процесот на градење визави улогата на архитектот во Законот за градење.
Делот на панелисти е резервиран за претставници на: Собранието на Република С. Македонија, Министерството за транспорт и врски, Министерството за животна средина и просторно планирање, Агенцијата за планирање на просторот и членови на Комората на овластени архитекти и овластени инженери.
Се очекува на панел дискусиите да се отворат повеќе прашањата меѓу кои и прашањето дали во националната регулатива, архитектите и планерите го уживаат статусот кој им следува, согласно обврските што ги преземаат во процесите на урбанистичко планирање и градење.
Предвидено е во агендата и содржина со Министерството за култура.
Говорници:
Ислам Беркин, говорник
Марко Ицев, говорник
Томаж Криштоф, говорник
Панел дискусии
Изложби

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.