Во тек е изложба на фотографии од Димитар Новаков

Во тек е изложбата на фотографии од Димитар Новаков, насловена „Гевгелиски моменти“, започнува
реализацијата на програма со културни, спортски и свечени активности по повод Општинскиот празник- 7 Ноември, Денот на ослободувањето на Гевгелија. Изложбата ќе биде отворена
во Уметничката галерија „Амам“, на
која ќе бидат претставени фотографии од автентичната гевгелиска архитектура, фасади, улици и сокаци, пејзажи и видици кои го дефинираат вистинскиот идентитет (белег) на градот.
Димитар Новаков од Гевгелија е современ фотограф, којпочна да ја освојува македонската фотосцена со својот жар и творечка инвентивност и креирање на исклучително естетски визуелни решенија низ реалистичните фотографии, како и со Мали примеси во употребата на магијата на електронската трансформација и трансмутација кај одреденафотографии.
Фотографијата за Новаков претставува уметност на набљудување, наука и практика во создавање на идеја и
креирање на мигови, моменти, спомени и сеќавања и преку страст, симболиката, хармонијата и контрастите доведува до суптилна порака која ги пресоздава човечки те мисли и чувства, емоции, интереси и внимание. Работи со документарна и објективна фотографија и досега има создадено доволен фонд на концепциски фотографии кои ги има групирано по серии и циклуси со што укажува на фактот дека твори систематски и осмислено, а не само инстинктивно и без предумисла. Ова му е трета самостојна изложба во родната Гевгелија, има учествувано во
повеќе групни изложби во земјата и странство, а воедно и ментор
на одржани две фотографски работилници во склоп на Пионерски
дом- Гевгелија.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.