Во Скопје и во Охрид, се одржува 31. конвенција на Икарус

Државниот архив е домаќин на 31-вата Конвенција на Меѓународниот центар за архивски истражувања (ИКАРУС) со седиште во Виена, што ќе се одржи од 8 до 10 ноември 2023 година во Скопје и во Охрид. Темата на Конвенцијата е „Заедничко архивско наследство – заштита, достапност и дигитализација“, во чии рамки ќе бидат презентирани трудови од околу 60 архивски професионалци од Европа и пошироко.
ИКАРУС е Меѓународен центар за архивско истражување, кој ги поддржува архивите и сродните институции во предизвиците на дигиталната ера. Врз основа на принципот комплементарност и заемна поддршка, членките на ИКАРУС заеднички се соочуваат со новите задачи и предизвици што ги носи совремието.
Одржувањето на Конвенцијата е многу значајна за Државниот архив, бидејќи ќе бидат присутни еминентни архивисти од над 30 земји во светот, кои ќе ги пренесат сопствените искуства од архивистиката, новите сознанија за дигитализацијата на архивскиот материјал, како и искуствата поврзани со зачувувањето на културното наследство.
На следниот линк е достапнa програмата на Конвенцијата: https://www.icar-us.eu/en/event/icarus-convention-31/

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.