Во Кавадаречко се креираа скулптури од сапун со лаванда

На 11 ноември во 12 часот во Домот на културата “Иван Мазов Климе” во Кавадарци ќе се одржи изложба со скулптури од сапуни.

Овој проект се реализира преку Здружението на органски производители Биовита –
Кавадарци во соработка со КСП ПОДИУМ – ЈАДРО Кавадарци.
Целта на овој проект е спој на природните ресурси и уметниците.
Проектот Склуптури од сапун со лаванда и друга диворастечка флора е иницијатива на визуелната уметница Симона Манчева во соработка со Ристо Јосифовски – Ромбо, Игор Јосифов, Ружица Јосифовска, Томи Соколов, Трајче Јованов, Ања Илиева, Никола Михов, Петар Петков и Дарко Алексовски.
Со сапунот изработен на традиционален и современи начин, уметниците креираат скулптури – минијатури, кои го облагородуваат просторот со природен мирис од
лаванда и имаат функција на разубавување и освежување на амбиентот, додавајќи му
на сапунот уметничка вредност со специфично значење – Негување – Природа – Уметност.
При создавањето на овие минијатури од сапун, со сув цвет од лаванда и друга
диворастечка флора (мајчина душичка, маточина, диво нане, ајдучка трева), користено е масло од лаванда и лавандова вода.

Учесниците во овој проект при креирање на скулптурите имаа можност да се запознаат одблиску со природата, нејзиното зачувување, истовремено, инфомирајќи се за значењето на органското производство, важноста од неговата примена во земјоделието, заштита на животната средина изачувување на традиционалните вредности. При активноста оваа година се применува роцесот – Сапунификација на современ начин додека минатата година се работеше со Сапунификација на традиционален сапун.

Работилниците се реализираа за време на летниот период на висрамнината Витачево– Кавадарци. Поради мерките за безбедност и заштита од Covid 19 бројот на учесници на работилниците беше ограничен, а моделирањето на сапунот се одвививаше во приватни простории.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.