Изложбата „Спомен куќата на Тоше – чувар на животот и делото на најголемата македонска поп икона“ ќе биде поставена на 16 ноември (среда) во 18 часот во Музејот на македонската борба за самостојност, информираат медиумите.
На изложбатаќе биде претставен животот и делото на Тоше почнувајќи од детството до последните постхумни награди и албуми. Изложбата е во организација на НУ Спомен куќа на Тодор Проески – Крушево и ќе биде отворена за јавноста до 23 ноември.
Проектот се реализира со поддршка од Министерството за култура.
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени
со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски
текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски
содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се
цитира.