Од завчера до утре 6 септември во Трпејца се одржува петтото издание на Меѓународната уметничка колонија „Трпејца 2022“.
На колонијата творат уметниците: Мајкл Клос од Канада. Владисав Богичевиќ од Ниш – Србија, Петрит Лараку од Поградец – Албанија и Наташа Попоска – Карче, Хава Реџепи, Елена Ѓурѓиноска и Ѓоко Симјаноски од Охрид.
Сликарите творат во дворот и околината на Подрачното основно училиште „Наум Охридски“, а ќе се дружат и со ученците и со мештаните.
Организатор на колонијата е Здружението „За Трпејца со љубов“ а покровител е Општина Охрид.
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени
со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски
текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски
содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се
цитира.