На крајот на месец јануари 2023, во периодот од 19 до 26 во Виена, Австрија се одржа втората програмска сесија од културната Академија на тема визуелни уметности во организација на Култарт (Cultart), нова практична програма во културниот менаџмент иницирана да ги исполни празнините во академските образовни програми. Проектот започна есента 2022 кога беше одржана првата програма на тема Дизајн и архитектура во Лече, Италија, #discoverdesign од 21 до 25 ноември 2022 година
Целите на Академијата Култарт се обуки кои ќе се испорачаат на меѓународни групи на млади специјалисти, и ќе го покрие целиот опсег на креативни индустрии во 5 програми (фестивали, визуелни уметности, изведувачки уметности, дизајн и архитектура, применета уметност). Секоја програма ќе се одвива според распоредот во еден од 5-те партнерски градови:
· Дизајн и архитектура во Лече, Италија, #discoverdesign од 21 до 25 ноември 2022 година
· Визуелни уметности во Австрија, Виена, #unitevisualarts од 19 до 25 јануари 2023 година;
· Применета уметност во Скопје, Северна Македонија, #combineappliedarts од 27 до 31 март 2023 година
· Изведувачки уметности во Јанина, Грција, #enjoyperformin од 8 до 12 мај 2023 година;
· Фестивали во Пловдив, Бугарија, #sharefestemotions, јули 2023 година
Во текот на 5-те програми, меѓународните групи на културни менаџери ќе се сретнат со десет клучни говорници, експерти и практичари, кои ќе бидат менторирани на 10-те наведени модули од програмата Cultart – културни иновации, бизнис и претприемништво, менаџмент и администрација, развој на проекти, прибирање средства, лидерство, управување со конфликти, медиуми и комуникација.
Она што е суштинско за програмите Cultart се предизвиците за студија на случај (Cultart Case Study Challanges). Групите ќе имаат шанса да учествуваат во вистинскиот работен процес на културна организација во секоја програма. 5-те организации за студија на случај ќе ги скицираат нивните главни алатки и модели, нивната тековна работа и проекти и ќе им дадат специфичен „предизвик“ на групите.
Cultart проектот е во рамките на програмата Еразмус+, Млади – Партнерства за соработка, администриран од Центарот за развој на човечки ресурси – Национална агенција во рамките на програмата Еразмус+ со поддршка на Европската Унија. Носител на проектот за Република Северна Македонија е Здружението за едукација Еду Центар Скопје управувана од Илијана Атанасова, проект менаџер.
Во доменот на визуелните уметности, а врз основ на Меморандумот за соработка меѓу Националната галерија на Република Северна Македонија и Здружението за едукација Еду Центар Скопје, нашата институција е определена за партнер во Прокетот. Како партнер во проектот добивме официјална покана за учество во Програма за визуелни уметности, која се реализираше во Виена, Австрија. Локален партнер пак во програмата во Виена беше Kunsthalle Wien, во организација на Clearly Culture во соработка со програмата за културен менаџмент на Универзитетот во Виена.
Clearly Culture под своја капа собира меѓународни експерти за културен менаџмент, литература, академија, архитектура и урбанизам и развој, социјална инклузија и интеркултурна комуникација, културна дипломатија, ликовни и изведувачки уметности и ангажман на заедницата. Специјализирана е за културни и социјални иницијативи кои служат на инклузија, различност и дијалог. Тимот на Clearly Culture е мрежа на истакнати професионалци кои работат во нивните области самостојно и се обединуваат за заеднички проекти и цели.
Соработува со европските министерства за култура и образование, општините, и престолнини на културата. CC е ко-основач на програмата за културен менаџмент на Универзитетот во Виена и културниот менаџмент на Академија на Гете Институт Софија Букурешт Солун. Во проектот CULTART помеѓу Австрија, Бугарија, Грција, Италија, Северна Македонија е одговорен за наставната програма во 5-те градови Лече-Виена-Пловдив-Јанина-Скопје.
Kunsthalle Wien е простор кој опфаќа широка разновидност на меѓународната современа уметност и сродни современи дискурси. За таа цел, Kunsthalle Wien разви иновативни комуникациски формати. Како отворен форум, не е само колекција, но простор за воспоставена уметност и преговарање за тековните прашања и идни случувања.
Темите на културната Академија во Виена беа:
– Жив град;
– Интеракција меѓу градовите и културно/социјални организации и проекти;
– Спонзорирање и проекти на ЕУ;
– Развој на публика;
– Студија на случај за позиционирање, насоки, систем и стратегија за информации за посетители во Kunsthalle Wien.
Наредната од петте, е Програмата која ќе се реализира во Северна Македонија, на тема Применета уметност #combineappliedarts од 27 до 31 март 2023 година.
ЕУ има силни и енергични културни и креативни индустрии. Овие не се само суштински за културната разновидност на Европа, туку и зајакнувањето на социјалната кохезија и зголемувањето на привлечноста на Европа на меѓународно ниво. Културните и креативните сектори се важни сами по себе во однос на нивното економско влијание и вработување. Тие, исто така, поттикнуваат иновации низ економијата, придонесуваат за бројни други канали за позитивно социјално влијание (благосостојба и здравје, образование, инклузија, урбана регенерација).