Самостојна изложба на Верче Цветановска во Крива Паланка

23

26.07.2024

Во НУ Центар за култура Крива Паланка синоќа беше отворена првата самостојна изложба „Кога ќе се разбуди заспиеното“ на уметницата Верче Цветановска.

На изложбата се поставени вкупно 34 дела, со акрилни бои, во хиперреалистичен правец, кои се резултат на долгогодишната творечка работа на Цветановска преку која ја канализира енергијата од секојдневната рутина.

Изложбата е во организација на НУ Центар за култура Крива Паланка, а се реализира во рамките на Кривопаланечко културно лето и манифестацијата „Крива Паланка– Град на културата 2024“.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.