Ретроспективна изложба на Јана Манева – Чупоска во четврток во 19.30 часот во Национална галерија Мала Станица Во Скопје. Изложбата е финансирана од програмата за проекти од национален интерес за 2022 година.
изложба на Јана Манева – Чупоска во Национална галерија Мала станица.
Изложбата се состои од нас ститина дела, изработени во повеќе медиуми: цртежи, колажи, масло на платно, акрил, видео арт, фотографии. Изложбата третира триесет години творештво вклучувајќи и дела на изложбата од студентски денови на едукација на факултетот за ликовни уметности во Скопје.
Куратор на изложбата е историчар на уметност Маја Чанкуловска каде во прилог ви го испраќам и нејзиниот текст кој претставува краток осврт кон изложбата.
„Речиси е невозможно со неколку реченици да се претстави комплексното и повеќеслојно творештво на Јана Манева-Чупоска. Како мултимедијален уметница која подеднакво успешно се реализира во повеќе ликовни, односно визуелни дисциплини/форми: цртеж, сликарство, колаж, инсталација, моден дизајн, видео, перформанс… Инкорпорирајќи ги знаењата од сите наведени области, таа смело создава синергија на спротивставени елементи, истражувајќи ги границите на секој медиум одделно и на сите заедно. Можеби синтагмата како „единство на контрасти“ би била суштински моментум за толкување на нејзините се покомплексни дела, што се потврдува во речиси сите нејзини креации.
Идејно, а како потврда на споменатата синергија, остварувањата на Јана Манева-Чупоска често се потврдуваат преку играта на фигурација, апстракција, симболика. Концепциски земено, таа се занимава со проблематика која започнува од личните интимни приказни, женски приказни, традиција, секојдневие итн., при што своето поле на нарација го проширува со ангажиран пристап и суптилна критика во однос на различни состојби во општеството. Во нарациска и директна смисла, особено впечатлив е говорот во прво лице изразен преку мноштвото портрети во кои главен протагонист е самата авторка, со што се потенцира потребата за директен говор со гледачот.
Делата на Јана Манева-Чупоска, и покрај сериозноста на темите и отсликувањето на различни емотивни состојби, суштински отсликуваат позитивен и свеж однос кон уметноста и животот кои во нејзиниот примет континуирано се преплетуваат. “
Маја Чанкуловска
Историчар на уметност
Куратор на изложбата