“Ретроспектива”- изложба на Даме Затуровски

22

На претстојната изложба насловена „Ретроспектива“ која ќе се одржи на Илинден, 2 август 2024 година, во Центарот за култура во Струга, ликовниот уметник Даме Затуровски пред публиката ќе се претстави со своето декади долго и плодно творештво со околу седумдесетина дела изработени во пастел и неколку други техники. Неговиот академски реализам е претставен преку мотиви на на мртва природа, пејзажи како и портрети во делата, инспирирани од родната Струга.
Даме Затуровски е член на друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ) од 1993 година. Дипломиран правник. Зад себе има преку 11 самостојни изложби. Учесник е на повеќе групни изложби и ликовни колонии во Македонија и надвор. Познат е и по изработката на макети на стари бродови и верски објекти, чии фотографии исто така ќе бидат изложени.
Отвoрањето на изложбата е во 20.30 часот во фоајето на центарот за култура, а за посета предвидени попладневни термини од 19.00 часот во текот на следната недела.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.