Во чест на 8 септември, Денот на македонската независност, Музејот на Македонија во соработка со Здружението „АРТИ КРАФТ“ организираат етно културна манифестација насловена „Ракотворци чувари на традицијата – наше богатство и гордост“
Настанот ќе сеодржи 6 септември (петок), со почетокод 11 часот.
Музејот традиционално ја организира оваа манифестација, секогаш со богата програма која во фокусот го има етнолошкото богатство. Оваа година ќе настапат Ансамблот „Македонија“, ВиолетаТомовска, која ќе изведе неколку нејзини хитови, а од Истибања доаѓа фолклорниот ансамбал „Китка“. На платото пред Музејот ќе се одржи и базар на рактворби со учество на членовите на ЗУР „АРТИ КРАФТ“ и дваесетина ракотворци.
Ве покануваме на ова културно едукативна манифестација со фокус на етнолошкото наследство.