За првпат во Гевгелија, ќе се одржи Мултимедијалниот фестивал „АРТ УМ“, во организација на Здружението на граѓани „АРТ-УМ 023“- Гевгелија. Во двата фестивалски дена (21 и 22 јуни 2024 година), ќе се реализираат бројни активности, како: изложби, работилници, уметнички перформанси и настапи на истакнати домашни и странски легенди на електронската музика.
Фестивалот ќе започне на 21 јуни, во Народниот театар- Гевгелија, со мултимедијална изложба, на којашто ќе учествуваат четири гевгелиски уметници препознатливи по својата автентичност: Перо Кованцалиев, Ице Капсаров, Александар Јанев и Мирјана Крстева Массетти, претставувајќи се со своите дела, инсталации и перформанси. Исто така, ќе се одржат и кратки работилници за генеративната уметност од архитектот Натали Василева и мастер-клас на тема: „Кратка историја и вовед во електронската музика и основни на аналогна синтеца“ од продуцентот и ди-џеј Александар Гроздановски (Херзел).
Додека, на 22 јуни, во клубот „Де Факто“, од 22:00 до 06:00 часот, Фестивалот ќе продолжи со музичкиот дел. Десетчасовната програма ќе ја пополнат етаблирани изведувачи од електронската музичка сцена: Јимпстер од Фрееранге Рецордс, Лондон, УК и Самуел Л Сессион од СЛС Рецордс, Гетеборг, Шведска. Како и веќе познати артисти од домашната електронска сцена: Томи Бојадзи, Маци, Њисх.Ко, Самоил Радински, Соул Цасе, Беррѕљат, Јосс и Мосаик Коллектиф.
„После години музичко дејствување на локалната сцена, се подготвуваме да ви понудиме нешто посебно – „Арт Ум Фестивал“. Специјален настан каде ќе може да се забавувате, инспирирате и да се поврзете со уметноста и музиката. Мултимедијална програма со изложби, уметнички инсталации, работилници, и музички перформанси на етаблирани изведувачи од електронската музичка сцена.
Придружете ни се за да бидете дел од почетокот на една нова традиција. Целта на овој фестивал е да се обогатат културните и социјалните аспекти на заедницата, како и креирање културна дестинација на градот Гевгелија, којашто ќе привлече посетители од регионот и целата држава. Со понудената програма на Фествилот градот, би се позиционирал на мапата на фестивал туризмот и нови можност за туризам и локален економски развој“, велат организаторите.
„Арт Ум Фестивалот“ е поддржан од Општина Гевгелија преку Програмата за финансирање програми и проекти од областа на културата за 2024 година.