Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска денеска беше во работна посета на Општина Крушево, каде што се сретна со градоначалникот Томе Христоски и направи обиколка на дел од националните установи од културата.
Костадиновска- Стојчевска и Христоски ги разгледаа актуелните состојби во културата, а разговараа и за резултатите кои се постигнати со вложувањето во овој сектор, кој е еден од најважните за промоцијата на градот.
Министерката за култура рече дека Крушево и локалната самоуправа знаат да ја вреднуваат моќта на културата и според тоа влегуваат во приоритетите за поддршка на Министерството за култура, кое инвестира во изградба и обнова на културна инфраструктура.
-За крушевчани, 2023 е исклучително успешна година, во која се вложени речиси 10 милиони денари за културни настани, претстави, концерти, изложби кои го претставија градот како културен и туристички центар на овој регион од државава. Достоинствено одбележавме 120 години од Илинденското востание во рамките на манифестацијата „Крушево, град на културата 2023“, што ја поддржавме со сума од 3,4 милиони денари, рече министерката за култура.
Минстерката за култура во обиколка на националните установи, со директорот на „Историскиот музеј“ Тана Тома, ги издвои позначајните проекти со кои Минситерството за култура преку Годишната програма ја поддржа оваа установа, како и „Спомен куќа на Тодор Проески“, а стана збор и за степенот на реализација на финасираните проекти од областа на заштитата на културното наследство, за што изманатава година се инвестирани околу еден и пол милион денари.
-Општината со богата историја, традиција и култура беше корисник и на Програмата за капитални дотации од областа на културата за единиците на локалната самоуправа, од која на Крушево му доделивме речиси 1,2 милиони денари за монтажната бина. Ова е потврда дека со добри проекти и идеи, успешно се остваруваат потребите и интересите на граѓаните, рече Костадиновска- Стојчевска.
При својата работна посета на Крушево, Костадиновска- Стојчевска ги посети „Леарницата“ и „Спомен собата на Васил Иљоски“, која исто така е реализирана со поддршка на Министерството за култура, а се сретна и со в.д. директорот на новоформираната институција, НУ „Десет дена Крушевска Република“.
Поддршката за развојот на културната програма дава резултати
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени
со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски
текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски
содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се
цитира.