Почнуваат „Денови на филигранство и накит“

Од 4 до 7 мај, во организација на Скопје Сити Мол и во соработка со Занаетчиска комора Скопје ќе бидат отворени „Денови на филигранство и накит“, настан на кој ќе се претстават 23 „артизанс“ индивидуалци – уметници.

Ова е единствена можност на едно место да се видат рачно изработени уметнички форми на накит од сребро, бакар, челик, преку епоксидна смола, чисто сребро 925полимерна глина, до керамика, плексиглас и мурано стакло.

Најголем дел од креативците изработуваат филигран, како најделикатна и елегатна форма на накит, а ќе се претстават и учесници кои создаваат шарени и весели приказни во форма на накит за стилски сонувачи и храбри луѓе.

Во секој детаљ на уникатните парчиња накит е втиснат креативниот и авторски труд на овие 23 уметници.

Настанот ќе се случува четири денови на приземјето во Скопје Сити Мол и ќе се претстават следниве артизани: Катарина Дода – KD Jewelry, филигран од сребро, кој досега е претставуван на фестивали за зачувување на традиционалните занаетчиски производи во САД, Аргетина, Шпанија, Оман, Узбекистан, Порторико… и на истите е наградувана за најдобро дизајниран и изработен накитСветлана Ивановска – „Арт Студио С“понесена од геометриските форми и природата создава софистицирано парче накит, направено од различни материјали и техники, а жицата е основа во секое парче; Кристина Мауровска Темкова – „Студио Кристина“ ќе се претстави со накит изработен од бакар, медицински челик и сребро во комбинација со полудраги камења; Елена Поповска –„Мај Прешс“, го комбинира филигранот, месингот и бакарот и преку различни техники ја доловува приказната за убавината на природата; Марина и Елена Јакшиќ  „Ателје Сиена“ изработуваат парчиња на рачно насликан накит, залеан со епоксидна смола и рачно изработен накит од сребро и филигран; Александра Атанасовска – „МОRPHO“ е искрен поклоник на филигранот и ги компилира занаетот, мајсторска умешност, културно наследство, создавајќи накит од сребрена и златна испреплетена жица, Маја Донева на уникатен начин ги употребува техниките филигранството и ќустек во своите креацииМиранда Дема – Coral Jewelry е бренд специјализиран во рачно изработување на персонализиран накит од чисто сребро 925; Јулијана Илиевска – Џули Декупаж изработува накит од полимерна глина и епоксидна смола со суви цветови, рачно везени и шиени модни додатоци; Архитектот Марта Пејоска, креира во полето на дизајнот и ја користи сребрената жица како медиум. Преку филигранската техника раскажува своја архитектонска приказна, на еден модерен начин; Лада Шоптрајанова Петровска – „Filigree LARGO изработува сребрен накит во традиционална филигранска техника, но со нетрадиционален дизајн. Таа е виолинистка, па низ нежната структура на сребрените жици протекува музика; Милица Гавриловска – „Equilibrium.fine.arts“, секое парче накит е асиметрично, апстрактно, аморфно во изгледот и дезенот, изработен од епоксидна смола и полимерна глина, со специфичен микс на нијанси и бои;  Елеонора Дулјанова – Small piece of joyизработува накит од керамика и кожаНејзините дизајни се шаренолика палета од оригинални парчиња; накитот на Марија Таировска – Marcy’s handmade е експлозија од шарени и весели приказни за стилски сонувачи и храбри луѓе; Емина Амит – Ателје Месечина, изработува филигран во комбинација со школки, а за дел од накитот користи стари пари-кованици од кои создава прстени и обетки во комбинација со сребро и камчиња во комбинација со бакарна или алуминиумска жицаИвана Кондратенко – ARTNOK ќе се претстави со обетки, кои имаат специфичен дизајн, 2Д и 3Д формат, изработени од полимерна глина и елементи од дрво, стакло и метал; Милена Станковска – BRUMA е спој на филигранска техника и современ израз, збогатен со традиционални и нови техники, кои доаѓаат од далечни краишта, како што се keum-boo и fold-forming“; според Татјана и Борче Богоевски – Керакамика, глината е таа што ја апсорбира убавата енергија. Користат природни еколошки и безбедни материјали и создаваат персонализиран накит, брошеви, обетки и ланчињаДанче Наумоска – КОППЕР АРТ креира накит од бакар и месинг, при што користи разни техники, како посребрување, патинирање и боење; Дијана Тодоровски – Добро ми Стои создава современи форми од сребро, кои ги комбинира со месинг и бакар, а креациите се поврзани со природата и животинскиот светКатерина Јовановска – Stardust Kejt Rakotvorbi ќе се претстави со накит од епоксидна смола и полимерна глина во едноставни, нежни, пастелни комбинации, едновремено и авангардни, живописни и цветни дизајниБлашка Миева Freya Fashion Jewellery”, прави накит од плексиглас и полимерна глина. Секое парче е рачно сликано, каде формата се третира скулптурално и апстрактно и Ибро Ибраим – Филигран Ибро“ ќе се претстави со традиционален филигран.

Public Relations Manager
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.