Од 8-31 октомври во Чифте Амам ќе биде поставена изложбата на Рубенс Корубин

Од вчера (8 октомври) до 31 октомври , во Чифте амам ќе биде поставена изложбата „Ателје – радоста на сликањето“ на еден од најреномираните македонски сликари Рубенс Корубин. Уметникот со оваа изложба слави 70 години живот и 45 години од дипломирањето на Ликовната академија во Белград.

На изложбата се поставени 70-ина дела, од кои 30-ина се нови создадени од авторот во  изминативе четири-пет години. На изложбата посетителите ќе можат да ги видат и поставените цртежи и слики од  личната колекција на Корубин.

Својата изложба, која означува два значајни јубилеи, Рубенс Корубин поранешен професор на Факултетот за ликовна уметност во Скопје, ја објаснува со неговата желба Атељето кое е место на неговиот затворен уметнички свет, да го пренесе пред очите на јавноста.

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.