Нова изложба „Обмислување на современиот звучен пејзаж: Експериментални практики во визуелниот контекст“

Среда, 05.03.2025, 19:30 часот- Галерија ФЛУ (нас. Тафталиџе)

Отворање на изложба на делата на учесниците на последната сесија на летната школа насловена како „Обмислување на современиот звучен пејзаж: Експериментални практики во визуелниот контекст“.

На изложбата учествуваат: Ана Димитриевска, Јана Бутеска, Калин Маловски, Павел Николов, Вилијам Стојановски, Стефанија Цветановска, Доротеј Нешовски, Ангела Георгиевска и Мартина Спасовска.

Основната цел на школата е лоцирање и истражување низ алтернативни уметнички практики и дискурзивен интердисциплинарен контекст различен од традиционалните ателјерски уметнички практики и протоколи. Оваа сесија на летната школа се осврнува кон звукот како платформа за креативно конципирање и инетрпретација на интердисциплинарно уметничко дело.

Одржувањето на Летната школа во рурална планинска средина е во согласност на потребите на сесијата, која што за почеток треба да има одново запознавање со тишината. Имено, последица на живеењето и работењето во современата урбана средина доведува до промена на човековите референци за тивко и тишина, поими и феномени кои што треба да ги редефинираме за да, меѓу другото, разбереме и колкаво е „звучното загадување“ за кое што сме помалку или повеќе несвесни.

Со запознавањето на некои воведни поими и содржини од психоакустиката, со цел за подобро разбирање на човековата перцепција на звучната околина, како и на одредени поими од физиката на звукот, учесниците ќе се запознаат со поимот „шум“ и спектрален состав (боја, карактер) на звукот/шумот со цел за посоодветно и попрецизно дефинирање на различните форми на шумови кои што не опкружуваат во секојдневието и значењето на истите во нашето (акустичко) разбирање на околината и нашето функционирање во истата.

Учесниците ќе имаат можност да се запознаат, теориски и практично, со начинот на работа на уредите за снимање на звук, пред се на микрофоните и нивната употреба за соодветно доловување на просторот околу нас, како и со основни техники на обработка, миксање и монтирање на звук/шум во соодветно софтверско решение. Со ова, учесниците ќе бидат подговтвени да почнат да размислуваат за звукот и звучните феномени како на елементи коишто може да ги употребат во/за создавање на звучни слики и амбиентални звучни пејсажи како сомостојни уметнички дела но и комплексни уметнички инсталации во кои звукот игра значајна улога.

Сесијата беше одржана во населено место Лазарополе (Општина Маврово и Ростуше).

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.