“Ноќ во Гевгелија”- втора самостојна изложба на фотографии од Новаков

Во организација на Пионерски дом- Гевгелија, од 26 ноември до 3 декември, 2021 година, ќе биде поставена Втората самостојна изложба на Димитар Новаков насловена како „Ноќ во Гевгелија“. Изложбата е поставена на јавни места во Гевгелија, означени на мапата на движење. Траекторијата почнува од Пионерски дом- Гевгелија, каде може да се добие каталог од изложбата. Изложбата е дел од Годишната програма за култура на Општина Гевгелија.
-Ова појавување на Новаков освојува со сензибилното документирање на ноќите во неговата родна Гевгелија. Тој нè води низ гевгелиските улици, знајни и незнајни, илуминирани од месечини чии рефлексии шепотат за љубовни приказни.
Гевгелија, таинствена, заводлива, автентична, колоритна, убава, љубовна… Секоја фотографија има наративен сегмент кој плени со својата нежност. Структурална компонента во авторовата творечка физиономија овојпат е играта на контрастите. Новаков со својот објектив раскажува за една поинаква архитектура на времето. Време идно, минато или момент помеѓу, останува недоречена Мирјана Крстева Масети, оставајќи и простор на заинтересираната публика за споделување на своите импресии од фотографиите на Новаков.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.