На 27 јули: Mултимедијалeн настан „Уметност и музика“

23

Во уметничката галерија на Градскиот музеј од Крива Паланка, на 27 јули, сабота, со почеток во 20,00 часот, ќе се одржи мултимедијлниот настан „Уметност и музика“, кој ги обединува различните изрази на ликовната уметност и музиката.
Настанот опфаќа изложба на дела од млади уметници создадени на уметничките работилници за графика, сликарство и скулптура, реализирани под менторство на академските автори и творци Нела Јанковска, Анета Стојчевска, Роберт Цветковски и Стефан Младеновски. Сите создадени дела ќе останат во постојаната збирка на Градската галерија при Музејот на Крива Паланка.
Изложбата ќе биде збогатена со музички настап на познатиот џез состав Гордан Спасовски трио.
Мултимедијалниот настан го организира Градскиот музеј во Крива Паланка, а е дел од Кривопаланечко културно лето и манифестацијата „Крива Паланка- Град на културата 2024“.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.